Кро Кап: Миочиќ заслужува реванш против Нгану, но не знам колку е тоа паметно

Легендарниот хрватски ММА борец Мирко Филиповиќ во својата сала го подготвува Анте Делија за мечот со Бразилецот Бруно Капелоцо. Клупскиот борец на Кро Кап има меч на ПФЛ турнирот што ќе се одржи во Атлантик Сити за еден месец.

„Го чека тежок турнир, верувам дека Анте може да оди до крај, дефинитивно има квалитет. Анте е супер опасен, подготвен, мотивиран, гладен за успех, психички верувам дека таму е најстабилниот борец денес – овој човек не се плаши од ништо и тоа е голема предност пред сите други борци“, вели Мирко Филиповиќ во интервју за Нова ТВ.

Кро Кап го коментираше и неодамнешниот меч на Стипе Миочиќ, кој не успеа да го одбрани шампионскиот појас на УФЦ. Американско-хрватскиот борец загуби со нокаут во втората рунда од Френсис Нгану.

„Веќе по првиот обид за уривање на Стипе, кога Френсис го одбрани со леснотија, Миочиќ беше во голема неволја. За жал, прашање на време беше кога ќе заврши борбата“, рече Миро Филиповиќ, додавајќи дека верува оти Стипе ќе добие шанса за реванш:

„Со оглед на неговиот резултат – секако да. Ќе сака ли да дојде тука и колку маркетиншки ќе биде исплатливо за УФЦ, не знам. Што се однесува до некои спортски мотиви сигурно, треба да добие реванш. А колку е тоа паметно – не знам. Мислам дека Нагану во моментов е на врвот на својата кариера и навистина не гледам како некој може да го симне толку лесно“.

И кога би се сретнале Кро Кап и Нагану, како би завршил нивниот дуел?

„Би го победил со леснотија“, рече Мирко Филиповиќ и објасни:

„Во шнапс, бел, затоа верувам и во шахот. Во тоа би го победил без никакви проблеми“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО