Кро Кап го направи првиот тренинг по излегувањето од болница (ФОТО)

Мирко Филиповиќ и откри на навивачите дека се вратил во салата и го направил првиот лесен тренинг по напуштањето на болницата. Да потсетиме, Кро Кап имаше мозочен удар пред речиси еден месец, што резултираше со крај на неговата кариера.

Веднаш по здравствената состојба со која се соочи, Филиповиќ откри дека мора да ја заврши кариерата и дека никогаш веќе не може да работи на тренинзи со контакт. Сепак, рече дека без тренинг нема да може и дека во првата прилика ќе се врати. Јасно, со прилагодени мерки. Тоа сега и се случи.

Се разбира, Кро Кап не направил никаков вистински тренинг, туку само малку ги „разработи“ мускулите, бидејќи рече дека тоа му требало.

„Свесен сум за се. Денес направив лесна контракција на мускулите без оптоварување, бидејќи друго и не смеамт. И тоа полни три месеци до контролното снимање. Но, морав малку да се наведнувам, бидејќи околу четири и пол недели не направив ништо, а тоа е огромен стрес за моето тело и почнав да се чувствувам лошо“, напиша Кро Кап на фотографијата од салата.

Фановите му дадоа поддршка, но со многу предупредувачки пораки. Мирко изјави дека е свесен за сè, а потоа за вчерашниот тренинг додаде:

„Морам да го почитувам лекарскиот протокол. Ако ме состават заради мала контракција без оптоварување, буквално 15 минути, нека ме состават“.

Кро Кап ја заврши кариерата со серија од десет победи, всушност најголемата победничка низа во неговата успешна кариера.

https://www.instagram.com/p/BvPeWE1Aqz3/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON