Кро Кап го дозна првиот противник за Големата награда на Ризин (ВИДЕО)

mirko-filipovic-vozi-kola

Мирко Филиповиќ го дозна противникот во првиот круг за Ризин Гранд при на кој настапува. На 25 септември ќе се бори против Хјун Ман Мјунг од Јужна Кореја.

Станува збор за 191 сантиметри високиот тешкаш чиј професионален скор е три победи и два порази. Единствениот познат борец со кого го сретнал е ветеран Мајти Мо, а тоа беше во април оваа година. Мо дојде до победа со „нек кранк“ во третата рунда на борбата.

Судејќи спрема се, ова треба да биде лесен прв тест за хрватскиот борец, односно се чини дека и Јапонците се грижат за тоа да можеби нивната најголема ѕвезда да остане што е можно подолго на турнирот. Секако, ниту еден борец не може да биде потценет, но Мирко Филиповиќ во овој случај е повеќе од голем фаворит.

Својот противник го дозна и Фуџита, кој ќе се бори против Естонцот Каија Ховелсон, борец со само една професионална борба. Комплетна листа на досега потврдените борби може да го пронајдете на Sherdog.

Под текстот видете ги инсертите од неговата борба против Мајти Мо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО