Глори 33: Верховен го нокаутираше Силва, Вилинс нов шампион (ВИДЕО)

riko-verhoven-andreson-silva

Рико Верховен по петти пат ја одбрани шампионската титула на Глори во тешка категорија.

Иако Исмаел Лондт го освои турнирот на предизвикувачите, Верховен на Глори 33 во Њу Џерси се бореше против Андерсон Силва, веројатно поради страв Суринамецот да не го расипе воведот во борбата меѓу Верховен и Бадр Хари во Оберхаузен на 10 декември.

https://youtu.be/fw4pMQRzDpM

„Принцот“ три пати во втората рунда го соборуваше Бразилецот, два пати со лоу кикови и еднаш со висок удар (хај кик).

Џејсон Вилинс е нов шампион во средна категорија. Холанѓанецот со прекин по три нокдауни во третата рунда му го зема појасот на Симон Маркус. Канаѓанецот прв пат се најде во нокдаун во втората рунда.

Хедси Гергеш уште еднаш е поразен со поделена одлука на судиите. По сомнителната судиска одлука судијата во Копенхаген против Исмаел Лондт, Египјанецот загуби со поделена одлука на судиите и од поранешниот борец на УФЦ, Гуто Иносенте.

Канаѓанецот Мет Ембре го освои турнирот на предизвикувачите во перолесна категорија со нокаутите против Лима Чибин и Гига Чикадѕе. Чикадѕе беше елиминиран во полуфиналето од поранешниот шампион Сергеј Адамчук.

ВИДЕО.

ГЛОРИ 33:

 Рико Верховен – Андерсон Силва (ТКО, Р2)

Финалето на предизвикувачите:

Мет Ембре – Гига Чикадѕе (КО, Р2)

Гуто Иносенте – Хедси Гергеш (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

Полуфинале на предизвикувачите:

Гига Чикадѕе – Сергеј Адамчук (поделена одлука на судиите, 29-28, 28-29, 29-28)

Мет Ембре – Чибин Лим (ТКО, Р2)

Глори суперфајт серија:

Џејсон Вилнис – Симон Маркус (ТКО, Р3)

Ши Луис Пери – Ентони Мекдоналд (ТКО, Р2)

Џесика Гладстон – Даниел Граф (мнозинска одлуката на судиите, 30-27, 30-27, 29-29)

Франсоа Амбанг – Даниел Моралес (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Кевин Ваностранд – Дејвид Мур (ТКО, Р2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО