Кро Кап го демантира Роган: „Не е јасно дали се работи за шега или бил надуван“!

Mirko skrinsot

Пред неколку дена Џо Роган во својот подкаст беше домаќин на Мауро Ранал и Бас Рутен, коментатори на некогашните најголемата ММА промоција, јапонската ПРАЈД. Потсетувајќи се на тој период поранешниот шампион на УФЦ во еден момент спомена дека Кро Кап за своите настапи во Јапонија добивал по два милиона долари. Целата приказна за враќањето на Мирко во Хрватска со полн куфер со пари толку го импресионираше коментаторот на УФЦ шторече дека ова е „најгангстерската работа што некогаш ја слушнал“.

Откако содржината на разговорот дојде до Кро Кап, тој одлучи да го искоментира преку објавувата која ја сподели со своите пријатели и фанови на Фејсбук. Мирко така објасни некои работи, но го демантираше Рутен и неговите тврдења.

Kro kap reakcija na FB

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО