Кро Кап ги објави имињата на двајцата фанови што ќе ги води во Јапонија

Mirko vo Japonija

Мирко Филиповиќ вчера на Фејсбук објави дека ќе води двајца свои навивачи на неговата следна борба во Јапонија.

Кро Кап ќе настапи на Ризин во септември, а на среќниците ќе им бидат надоместени патни трошоци, сместување и ќе добијат ВИП билети за овој настан.

Филиповиќ денес ги објави имињата на избраните.

„Еве, драги пријатели, како и што ветив, го одбрав двајцата фанови за патување во Јапонија на мојата борба. Ве Има многу  кои заслуживте да ве почестам, но верувам дека ова нема да биде последен пат да земам некого од најлојалните навивачи на меч. Но, сега се реши за двајца и ве молам никој да не ми забележува, бидејќи имаше многу кандидатите. Но, овие двајца, дефинитивно, заслужија. Прв е Иван Блажевиќ кој можеби е најголемиот фан од сите и оние кои ја следат мојата страница, го знаат тоа. Момечето објавува мои слики и видеа речиси секој ден. Ми дојде дома лично да ме запознае и кога и да е во Загреб доаѓа во моето кафуле и се јавува. Ако некој го заслужи тоа, тогаш е тој.

Вториот е Марио Минг, момче од мојата Привлака, кој исто така го зпознав на ФБ, бидејќи бил дете кога се преселив во Загреб. Ги следел сите мои борби во Загреб арената, организираше патување до Краков и беше таму со четиримина од селото и купи билет за мојата борба во Сеул и тоа пред откажувањето. И покрај тоа отаптува во Сеул и за време на борбата беше пред салата со мојата маичка и со транспарентот „Кро Кап тим“ и не сакаше да влезе внатре и покрај поканата на организаторот да го внесат. Ете, мислам дека изборот е фер и чесен и дека наградив двајца кои навистина го заслужуваат тоа. Како и што сигурно дека ве има многу кои го заслужувате тоа, но верувајте дека не е лесно изборот да се сведе на две лица.

Сепак, верувам дека ова не е последен пат дека вака би се оддолжил на моите хард-кор обожаватели. Јован и Марио ќе дознаат додека го читаат ова, и ги замолувам да ме известат ако поради некоја причина не се во можност да одат на ова патување. Било поради спреченост од претходно преземени обврски, работа, дури и од страв од летање, кој знае. Посета на Јапонија ќе трае седум дена, ако не се во можност да одат да ме информираат во сандачето за пораки (инбокс), а во тој случај ќе одат на други двајца. Поздрав“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON