Роуч: Пакијао не знае кој е Головкин

Golovkin i Pakijao

Еден од најпознатите тренери во бокс, Фреди Роуч, раскажа забавна приказна за времето кога светскиот шампион на ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО, Генади Головкин, го посетил камп за обука на Мани Пакијао.

„Тогаш имавме забавна ситуација. Головкин го посети тренинг кампот на Пакијаоo. Трпеливо почека додека Пакијао најде малку слободно време. Головкин покажа дека е голем човек чекајќи го трпеливо Пакијао, за да се слика со него. Малку потоа Мани дојде и ме праша кој човекот, кој чекал толку за слика со него“.

Головкин ќе се бори против 30-годишниот Англичанец, Кел Брук, во септември, а враќањето на Пакијао се уште под знак прашалник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО