Кро Кап: Ако изгубам, подобро да изгубам од легенда (ВИДЕО)

mirko-i-vonderlej-silva-na-rizin

Мирко Филиповиќ и Вондерлеј Силва по трет пат ќе се најдат во рингот за Големата награда на Ризин во четвртфиналето 29 декември.

По победата над Кореецот Мјунг, Кро Кап во рингот изјави дека го прифаќа предизвикот Вондерлеј Силва и го повика Бразилцот во рингот. „Аксе убиец“, кој претходно се најде во нова гужва со Американецот Чарлс Бенет му се придружи, а хрватскиот борец потоа повика еден од челните луѓе на организацијата Нобухико Такада и побара борба.

Во доста невообичаени околности борбата е договорена. Со одобрение на навивачите во Саитама супер арена челниците се согласија и Кро Кап и Силва треба да се борат веќе во четвртфиналето. По жребувањето, противник наФилиповиќ требаше да биде Баруто кој го победи Фуџита.

Кро Кап за новата средба со легендарниот противник рече: „Имам огромна почит за Вондерлеј. Тој е вистинска легенда. Мислам дека ќе биде поштено и дека ќе биде голема борба да се сретнеме веќе во четвртфиналето, бидејќи ако го изгубам, подобро е да изгубам од легенда, но ќе дадам се од себе да го победам“.

„Дојдов тука за да се борам со најдобрите и мислам дека вечерва најдобар беше Мирко“, изјави Силва.

Во нивниот прв меч, по посебните правила 2002, борбата заврши без победник. На Кро Кап тоа му беше четврта ММА борба. Во вториот судир во 2006 година во полуфиналето за Големата награда на Прајд хрватскиот борец со висок удар/хај кик го нокутира Бразилецот.

https://youtu.be/cVMwTIbSZPg

https://youtu.be/16k8LM8duas

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО