Кристина Стојчевска е прогласена за најдобар техничар на „Балкан опен 2015“!

Kristina Stojcevska na Blakan open vo Tesanj

Кристина Стојчевска е прогласена за најдобар техничар на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан опен 2015“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Стојчевска (-57 кг) го освои првото место во лоу кик откако ги совлдада противничките од Босна и Херцеговина и Турција.

Ова е втор добар настап за кратко време на нашата натпреварувачка, бидејќи претходниот викенд во Римини, Италија,  на Бест фајтер Светскиот куп го освои сребрениот медал.

Таа сега ќе се одмора, а потоа почнуваат подготвките за Светското првенство.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО