ЕКСКЛУЗИВНО-Петар Белистојановски: Два медала во силна конкуренција е голема работа!

Drim timot na EI pece emil martin
Дрим тимот: Емил Павлов, Петар Белистојановски и Мартин Несторовски!

Дали е Петар Белистојановски е најсреќниот тренер по освјувањето и на вториот медал на Европските игри во Баку,односно имаш скор два од два?

Уф! Чуството е одлично, два медала во ваква силна конкуренција е голема работа! Тоа се историски медали, не само за МАКЕДОНСКОТО КАРАТЕ туку, воопшто за македонскиот спорт, – изјави за ipon.mk тренерот на карате репрезентацијата Петар Белситојановски, кој оваа година има и една бронза од Европското првенство во Истанбул, токму со Мартин Несторовски.

Pece portret na EI
Концентрација

Како ја доживеа/виде борбата на Мартин?

Мартин борбите во групата ги изработи одлично. Со Маргаротопулус тргнавме на победа, но Гркот беше многу затворен, а беше и прв меч, па како одминуваше борбата и ние не сакавме да ризикуваме и така ја доведовме до реми. Со домаќинот Атамов одлично изработи тактички. Доста добро го имавме изанализирано, така што Мартин имаше успешен настап, победи. Последното коло ни одговараше и пораз од седум поени разлика, па со Еркан многу не се трошеше и изгуби со 0:3. Во полуфиналето против Хорне брзо изгуби поен, па мораше да брзаа тоа искусниот Германец го казни.

Успешен челинџ на почетокот на мечот
Успешен челинџ на почетокот на мечот

 

Со актуелниот европски првак, Србинот Битевиќ, во борба за трето место тактички го унистивме и го оставивме без идеја. А, успешно ги добив двата челинзи, кои судиите не ги видоа и не дозволив Србинот да се одлепи, додека Мартин во борилиштето беше перфектен.

Momnet na proslava so Martin na EI
Многу сме јаки

Пресреќен сум, од тоа што го направивме и се уште сум под еуфорија. Одлично ја истемпиравме формата и ги изанализиравме противниците.

Челниците на МОК со каратистите
Челниците на МОК со каратистите

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО