„Крал Марко-опен ММА челинџ“ го положи испитот! (ФОТО)

Pece so Ilja Andov i Zlate Petrovski Veles

На првиот ММА натпевар „Крал Марко-опен ММА челинџ“ во Прилеп во организација на Центарот за боречки вештини „Максам-фајт“ учествуваа 17 клубови со преку 70 натпреварувачи.

Setfan Pecesvki nakral Marko udira

За најдобар борец на натпреварот од тренерите е прогласен Христијан Граороски од „Максам –Фајт“ од Прилеп кој имаше две борби и две победи во уводни борби и во главните борби. Покрај Граороски настапија уште 9 натпреварувачи од овој  клуб. Натпреварувачите од Максам фајт имаа 6 победи и 4 порази. Победници се Христијан Граорски (две борби и две победи), Наумче Трајкоски -83 кг,Стефан Сталески -71, Игор Велески -77 (две борби- една победа и еден пораз), Филип Јованоски -92 кг и Мартин Трајкоски -100 кг .

„Се на се, едно убаво спортско дружење кое во иднина планираме да стане традиција и да биде почесто и подобро организирано. Борбите ги загубија Александар Пантелески -71 кг, Марио Ристов (дисквалификација поради прекршување на правилата ) и Лела Јурукова во женска конкуренција. Ќе продолжиме и понатаму со редовна работа и се надеваме на нови успеси“, вели Пеце Ангелски од Максам фајт, кој го организираше турнирот.

Борбите беа поделени во два дела -воведни борби за натпреварувачи кои за прв пат учествуваат на натпревар,без претходно иксуство и главни борби во кои се бореа искусни борци. Категориски имаше застапеност во сите категории од -58 до -100, а интересно беше што на овој натпревар учествуваа и 3 девојки. Имаше учесници од 15 години до 40 години што покажува дека интересот за ММА е застапен во сите генарации.

„Целта на овој натпревар е собирање искуство за сите кои тренираат и се натпреваруват: за судиите, за тренерите и за организаторите на овој и на следните турнири во други градови. Натпреварот помина во одлична атмосфера, дружење нови пријателства и искуства“,  истакнува Пеце Максам.

BJJ Ohrid na MMA turnir vo Prilep

Охридските борци од „Рутс БЏЏ Охрид“ забележаа две победи во исто толку борби, Ненад Ристевски и Марија Ристевска ги совладаа Бобан Цветаноски од Куманово односно Марија Јурукова од Прилеп.

За Ристевски ова е втора победа во борбите од ваков тип, а Ристевска со триумф дебитираше во ММА борбите.

Сетфан Пецевски од Рутс од Скопје беше убедлив во својата категорија и со ТКО ја доби борбата. Игор Лазаревски од Будо Велес исто така извојува победа.

Главни борби:

Стефан Сталески „Максам“ го победи Жан Дукадиновски „Будо“ -71 кг

Христијан Граороски “Максам” го победи Милош Велевски „Куманово 2006“ -66 кг

Ненад Ристевски „Рутс БЏЏ Охрид“ го победи Бобан Цветановски „Предатор“ -77 кг

Стефан Пецевски „Стронгест“ го победи Никола Иванов „Будо“

Владимир Величков го победи Борче Талевски „Нинџутсу“ -83 кг

Игор Лазарески „Бушидо“- Струга го победи Калин Марковиќ „Импакт академи“ -100 кг.

Жени:

Марија Ристевска „Рутс БЏЏ Охрид„ ја победи Лела Јурукова „Максам“-55 кг.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО