КРА Нико заплови во стабилни води, на 19 март ќе настапи на семинар во Битола

Nikolco vo akcija

Клубот за реално аикидо Нико од Кочани најавува учетсво на семинарот во Битола на 19 март, како и подготовка за натпреварите што претстојат.

Niko so diplomi od poganje

„Сега сме во една постабилна фаза, бидејќи потпишавме договор со ОУ „Никола Карев“, така што немаме притсиок до кога ќе вежбаме, па дали ќе ни го продолжат договорот, така што сме концнетрирани на квалитетна работа и настап на семинарот во Битола, но и на неколку натпрервари“, истакна тренерот на Нико, Николчо Гоцев.

Niko vezbaci

Целите на клубот се да се прошири реалното аикидо во овој дел на Македонија, бидејќи е плодно тло за боречките вештини. Наскоро се очекува отрворање на уште еден клуб во Виница, со кого ќе имаат тесна соработка.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО