Ковингтон до Адесања: Ќе те тепам од првата до последната скунда!

Американскиот ММА борец, Колби Ковингтон, кој се натпреварува во полусредна категорија, објави претензии за титулата во средна категорија која сега ја држи Израел Адесања.

„Ќе биде голема борба. Мислам дека Израел не може да се справи со мене. Ќе го тепам од првата секунда до последната додека се скрши. Не може да се справи со кралот на кардиото. Ми се допаѓа оваа борба, би сакал да ја имам. САД против Нов Зеланд, или од каде и да доаѓа, ајде да го направиме тоа.

Мислам дека не би сакал да се бори со борец на толку високо ниво. Нема само да го соборам, туку ќе бидам веднаш пред него и ќе го скршам. Ако има потреба од УФЦ, јас сум подготвен. Се грижам за просперитетот на организацијата“, изјави Ковингтон за ММА Фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО