Ковингтон цели трета борба со Усман

Колби Ковингтон верува дека тој е единствениот кој може да го симне од тронот шампионот Камару Усман.

Кавингтон треба да се бори со Хорхе Масвидал на UFC 272 на 5 март во Лас Вегас.

Доколку успее да забележи победа, „Хаос“ е уверен дека ќе може да заслужи и трета битка со шампионот.

„Победата ќе ми даде уште еден меч со Усман. Луѓето видоа во нашите претходни две борби што се случи. Лесно победив три рунди. Мислам дека четири. Единствената рунда што ја доби беше втората. Ја добив првата, третата, четвртата, петата. Луѓето го видоа тоа. Повторно ја сакаат оваа битка.

Нема никој друг на ова ниво кој може да се бори со него колку што можам јас. Затоа, овој меч треба да се повтори. Мора да има трета битка, бидејќи тој не докажа дека е подобар борец од мене. Не докажа дека е најдобар во средна категорија и има незавршена работа. Затоа мислам дека откако Хорхе Масвидал ќе го завршам на 5 март, тоа пак ќе ме направи кандидат за титулата“.

Сепак, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна изјави дека Леон Едвардс ќе биде следниот конкурент, што ќе ги уништи плановите на Ковингтон.

Ако не му успее борбата за појасот, Колби има втора опција – неговиот поранешен тимски колега од Американскиот топ тим, Дастин Пориер.

„Размислувам за ова ѓубре Дастин Пориер. Можеме да ја направиме и оваа борба. Тоа ќе биде уште еден меч на лична омраза. Имаме приказна меѓу нас. Тој зборуваше глупости за мене. Одеше и се жалеше од мене до сопственикот на Американскиот топ тим. Сакаше да ме избрка од таму“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО