Сергеј Ковалев (32-2-1, 28 КО) требаше да ја брани титулата во полутешка категорија на ВБО против Маркус Браун.
Но, откако беше откриено Американецот беше уапсен во декември и во март поради семејно насилство во кое е вклучена мајката на неговата ќерка, промоторите на Русинот побараа нов противник.
Така, 35-годишниот Крушер кон крајот на јули или почетокот на август во Њујорк или канадскиот Лавал ќе се бори со Елеидера Алварез (23-0, 11 КО).
34-годишниот Колумбиец со канадска адреса уште од ноември 2015 година е задолжителен предизвикувач на шампионот на ВБЦ, Адонис Стивенсон, но тој успеа да го избегне за сето ова време.
Менџаментот на Алварез се обиде да преговара за надоместок што ќе му ја препушти борбата со Стивенсон за титулата на Баду Џек, но кога не успеаја да се договорат се свртеа на друга страна.
Колумбиецот боксираше два пати во 2017 година и го победи поранешниот светски шампион Лукијан Буто со КО и Жан Паскал со мнозинска одлука.
На истиот настан титулата може да ја брани и ВБА првакот во полутешка категорија Дмитри Бивол (13-0, 11 КО).
Сега кога Алварез си најде нов противник се очекува и службената обајва намечот за шампион на ВБЦ во полутешка категорија меѓу Адонис Стивенсон и Џек Баду кој треба да се одржи на 19 мај во Монтреал.
https://youtu.be/ejOT4_eecE0
.