Ковалев ќе ја брани титулата против Браун

Сергеј Ковалев (32-2-1, 28 КО) втората одбрана на ВБА титулата во полутешка категорија би требало да ја има во јуни.

Датумот сé уште не е финализиран, но е постигнат договор 34-годишниот Русин да се бори против Маркус Браун (21-0, 16 КО).

Иако 27-годишниот Американец официјално е непоразен, неговата победа против Радивој Калајџиќ во 2016 година во најмала рака е контроверзна, а можеме да кажеме дека српскиот боксер родум од Зеница е украден во тој меч. Калајџиќ имаше измислено броење во првата рунда. Откако се лизна Браун уште и го удари додека беше на подот. Калајџиќ потоа го собори Браун во 6-тата рунда, а судиите во Њујорк победата му ја дадоа на домашниот борец со поделена одлука.

Борбата меѓу Ковалев и Браун ќе се одржи во Њујорк, како и последните две борби на Русинот.

„Крушер“  во ноември минатата година втор пат ја освои ВБО титулата со победата против Вјачеслав Шабрански, а потоа ја одбрани на почетокот на март против Игор Михалкин. Ова ќе му биде втора борба по ред да се бори против левак.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON