Костовски: Дејан освои сребрен медал на еден од најпрестижните теквондо турнири во светот „Президент куп“

 Сребро на Г2 Президент светски куп““, вели тренерот на најдобриот Македонски спортист, Дарко Костовски, по освојувањето на среброто на Дејан Георгиевски на „Президент купот“ во Тирана, Албанија, каде што во финалето се сретна со олимпискиот шампион Владислав Ларин.

Костовски истакнува дека Дејан забележал три победи над:

-Ангелопулос од Грција

-Ел Јаизиди Омар од Франција

-Хејли од САД

„Освои сребрен медал на еден од најпрестижните теквондо турнири во светот „Президент куп“ Г2, кој овој пат се одржи во Албанија !“, истакна Костовски во првата реакција и додаде:

„За жал во финалето повторно изгубивме од Владислав Ларин од Русија, но нашето мото е „НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШАТА ВРВНА ЦЕЛ“!

Овој сребрен медал носи 12,5 бода за нашиот Дејан Георгиевски кои премногу значат за следните олимписки игри во Париз.

Вреди уште еднаш да се спомене и победата на Филип Додевски над олимпискиот шампион Сисе од Брегот на Слоновата Коска.

Резултати

Резултати

+87 кг
Дејан Георгиевски – Спири Ангелопулос (Грција) 12-11
Дејан Георгиевски –  Омар Ел (Франција) 11-4
Полуфинале
Дејан Георгиевски –Џонатан Хејли (САД) 11-6
Финале
Дејан Георгиевски – Владислав Ларин (Русија) 4-22

-80 кг
Филип Стаменов – Тилен Алхамајер (Словенија) 7-4
Филип Стаменов – Агос Теликостоглу (Грција) 2-5

-58 кг
Марко Аврамовски – Алексеј Јурко (Украина) 3-19 Р2

-62 кг
Милјана Рељиќ – Леонарда Андрич(к) (Канада) 18-14
Милјана Рељиќ – Бруна Вулетиќ (Хрватска) 0-0 Р1
Милјана Рељиќ – Јулија Зајцева (Русија) 2-23 Р3

Анастасија Видинска – Петра Столбова (Словачка) 1-22 Р2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО