Кормиер со технички нокаут ја одбрани УФЦ-титулата против Оездемир (ВИДЕО)

Во првиот меч откако му беше вратена титулата во полутешка категорија Даниел Кормиер (20-1-1 НЦ, 9-1-1 УФЦ) ја сопре серијата на Волкна Оездемир (15-2, 3-1 УФЦ).

По трите стартни победи во најсилната ММА промоција, Швајцарецот загуби на УФЦ 220 во Бостон со технички нокаут во втората рунда. Мечот го изгуби кога шампионот успеа да ја префрли борбата во партер.

Речиси целата прва рунда боксираа, а до самата завршница Швајцарцот беше подобри и од дистанца и во клинч. ДК на влезот во последната минута неколку пати сериозно го погаѓа Оездемир, а 15 секунди пред крајот го урива и оди на странично гушење, но сирената го спасува противникот.

Кормиер на почетокот на втората рунда го урива Оездемир, го доведува противникот во безилезна позиција и го удира, при што го принуди на судијата да ја прекине средбата по две минути во втората рунда.

Во реваншот на борбата која се одржа само пред еден месец Абдул Разак Алхасан (9-1, 3-1 УФЦ) со брутален аперкат во првата рунда го нокаутира и по втор пат го победи Сабах Хомаси (11-8, 0-3 УФЦ).

УФЦ 220:
Даниел Кормиер – Волкан Оездемир (ТКО, Р2)
Калвин Катар – Шејн Бургос (ТКО, Р2)
Џан Виланте – Франсимир Баросо (поделена судиска одлука)
Роб Фонт – Томас Алмеида (ТКО, Р2)
Кајл Бохник – Брендон Дејвис (едногласна судиска одлука, 29-28, 29-28, 30-27)
Абдул Разак Алхасан – Сабах Хомаси (КО, Р1)
Дастин Ортиз – Александр Пантоја (едногласна судиска одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Хулио Арче – Деј Иге (едногласна судиска одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Енрике Барзола – Мет Бесет (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)
Ислам Махачев – Глејсон Тибо (KO, Р1)

https://youtu.be/RBm9K33xgDw

https://youtu.be/J9xslxGMNbo

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО