Кормиер откри кој според него е најголемиот тешкаш во историјата: Федор? Не, тоа е Стипе Миочиќ

Федор Емелијаненко минатиот викенд ја имаше последната борба во кариерата. Руската ММА легенда уште еднаш загуби од шампионот во тешка категорија Рајан Бадер на Белатор 290.

Американецот до триумфот стигна со прекин во првата рунда. Емелијаненко се пензионираше со 40 победи и шест порази и секако е еден од најдобрите тешкаши во историјата на слободните борби.

Поранешниот двократен шампион, а сега коментатор на УФЦ, Даниел Кормиер откри кој според него е најголемиот тешкаш во историјата.

„Федор не е најголемиот тешкаш во историјата. Мислам дека тоа е Стипе Миочиќ, но само затоа што Каин Веласкез често беше повреден. Во однос на вештините, ниту еден од тешкашите не може да му парира на Веласкез“, изјави Даниел Кормиер и додаде:

„Мислам дека Стипе заслужува да биде најголем со оглед на бројот на одбрани на титулата и времето поминато на врвот во категоријата. И Федор секако е во Топ 5 најдобри тешкаши во историјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО