Џон Џонс сака да се бори со Стипе Миочиќ: Тој меч многу ми значи

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Џон Џонс, наскоро се враќа во октагонот по тригодишна пауза.

Еден од најголемите борци во историјата ќе се соочи со Сирил Гане во меч за титулата во тешка категорија на 4 март на УФЦ 285.

Имено, со неодамнешното заминување на Френсис Нгану од промоцијата позицијата шампион остана празна.

Пред неговото деби во тешка категорија, Боунс потпиша договор за осум борби со УФЦ со подобра хонорар.

„Повторно договоривме осум натпревари, со многу подобри финансиски услови. И претходно имав осум борби, но не бев задоволен од процентите. Платата сега е подобра и продолжуваме понатаму. Се надевам дека ќе ги одработм сите натпревари, сепак имам 35 години“, изјави Џон Џонс и додаде:

„Сакам еден од следните противници да ми биде Стипе Миочиќ. Тој меч многу ми значи, бидејќи има многу борци во тешка категорија, но имам желба да го победам најголемиот тешкаш во историјата. Би сакал наскоро да биде“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО