Кормиер: Не го отпишувајте Миочиќ, не е важно колку години има

Најголемиот тешкаш во УФЦ, Стипе Миочиќ, во август ќе наполни 42 години и нема индикации дека наскоро ќе се пензионира.

Џон Џонс неодамна на социјалните мрежи објави дека титулата апсолутен шампион во тешка категорија на УФЦ треба да ја одбрани против Миочиќ во ноември.

А американскиот борец со хрватски корени последниот настап го имаше во март 2021 година, кога загуби од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда.

Поранешниот противник на Миочиќ и двократен шампион, Даниел Кормиер, смета дека годините не се толку важни кога се работи за искусен борец како Стипе и дека не треба да биде отпишан прерано.

„Џонс вели дека Стип е стар. А мојот впечаток е дека Џонс сака борба со најголем профит и најмал ризик“, изјави Даниел Кормиер во видеото на својот канал на Јутјуб, додавајќи:

„Но, не го отпишувајте Стипе Миочиќ. Не е важно колку години има Миочиќ, сепак е многу опасен, може да го угаси секој противник. Не е важно дали има 42, 35 или 31, не е важно. Стипе е едноставно добар. Ќе се појави Миочиќ и ќе понуди одличен натпревар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО