Кормиер: Конор направи да се гордеам

Поранешниот шампион на УФЦ во лесно-тешка категорија Даниел Кормиер изјави дека неговиот ММА колега Конор Мек Грегор го натерал да се чувствува горд за време на мечот со Флојд Мејведер – Јуниор. Ирецот беше совладан во десетата рунда со прекин на судијата, но во почетокот на средбата имаше доста добри моменти.

„Не очекував Конор да се претстави толку добро,. Се бореше доста професионално. Излезе не толку поради парите. Се обиде да го победи најголемиот боксер на сите времиња. Се претстави одлично и за време на борба и по неа“, изјави Кормиер, кој е поранешен елитен борач од националниот тим на САД.

https://youtu.be/pM5gmx9DIhc

.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО