Кори Сандхаген го совлада Марлон Вера, Холи Холм подобра од Јана Сантос

Кори Сандаген (16-4) беше доминантен во мечот против Марлон Вера (20–8–1) во главната борба на УФЦ на настанот ЕСПН 43 што се одржа во Сан Антонио.

По пет рунди во мечот во бантам категорија Американецот со поделена одлука го совлада Чито, што беше негов прв пораз по четири победи во низа.

“Тактиката беше да се обидам да победиме во раните рунди пред да ме нападне“, рече Кори Сандаген и додаде:

„Знаев дека ќе се случи. Рано го симнував, а во подоцнежните рунди имав контрола. Се задржав на планот и така го победив. Чито е добар борец“.

Тоа беше втора победа во низа за Сандаген.

https://twitter.com/ufc/status/1639815002319142912?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1639815002319142912%7Ctwgr%5E69f5244ad317055c602bc891bd952d057cb54f86%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fcdn.embedly.com%2Fwidgets%2Fmedia.html%3Ftype%3Dtext2Fhtmlkey%3Dcb7145f1731b4c328f8e4d2201854ceaschema%3Dtwitterurl%3Dhttps3A%2F%2Ftwitter.com%2Fufc%2Fstatus%2F1639815002319142912image%3Dhttps3A%2F%2Fabs.twimg.com%2Ferrors%2Flogo46x38.png

Во конасловната борба во женската категорија бантам, Холи Холм со едногласна одлука на судиите ја совлада Русинката Јана Сантос.

Во главната програма беа забележани и две победи со завршница, Нејт Ландвер беше подобар од Остин Линг, Даниел Пинеда го совлада Такер Луц.

Резултатот од настанот УФЦ на ЕСПН 43:

Кори Сандаген – Марлон Вера – поделена одлука (47–48, 50–45, 49–46)
Холи Холм – Јана Сантос – едногласна одлука (30–26, 30–27, 30–27)
Нејт Ландвер – Остин Линго – завршница (гушење од позади), Р2 (4:11)
Мејси Барбер – Андреа Ли – поделена одлука (28–29, 29–28, 30–27)
Алберт Дураев – Чиди Њокуани – поделена одлука (28-29, 29-28, 29-28)
Даниел Пинеда – Такер Луц – завршница (гуши со гилотина),Р 2 (2:50)

Воведни борби:
Лукас Александар – Стивен Петерсон – едногласна одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Тревин Гилс – Престон Парсонс – поделена одлука (29–28, 28–29, 29–28)
C.J. Вергара – Даниел да Силва – ТКО (удари), Р2 (4:04)
Виктор Алтамирано – Винисиус Салвадор – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON