Кори Андерсон: Лекар ми кажа дека срцето престанало да ми чука

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Кори Андерсон, има сериозни проблеми во последните неколку месеци. 30-годишниот Американец влезе во кафезот со Јан Блахович во февруари и загуби со нокаут во првата рунда. Кори се раздели со серијата од четири победи, но тоа беше далеку од неговиот најголем проблем. Лошата среќа не запре за „Прекувремената работа“, кој реши да оди на прошетка во шумата, но му се слошило, паднал и си го повредил лицето.

Кори поминал кај многу лекари, а еден од нив му рекол дека срцето му застанало и тоа е причината што се струполил на земја. За среќа, Андерсон сега е подготвен да се врати по долгата и исцрпувачка борба за совето здравје.

„Тоа беше долг пат, но се враќаме. После мојата последна битка во февруари, се онесвестив при прошетка и и си го искршив лицето. Морав да поминам низ многу тестови за да видам што се случува. Запознав многу лекари и се покажа дека имав потрес на мозокот и сум дехидрирал по долгата прошетка во шумата. Еден доктор ми рече дека моето срце престанало да чука и може пак да се случи за време на борба.

Бев лут на лекарите, затоа што внатрешно бев исплашен. Поминав низ многу различни тестови и имаше опасност да ја прекинам кариерата заради овие проблеми. За среќа, неодамна ја напуштив болницата и лекарите рекоа дека сè е добро и можам да продолжам со битките.

После мојата последна борбка медицинските лица не си  ја завршија работата и се вратив на на нормалниот живот. Затоа платив висока цена. Ги советувам колегите да бидат внимателни и да внимаваат на нивното здравје. Користете го вашиот мозок додека тој сè уште работи“, порача Кори својот профил на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CDJtq9UhC2g/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON