Кордина и Рахимов го понудија мечот на годината за титулата во ИБФ

Џо Кордина и Шавкатџон Рахимов ја одржаа една од најспектакуларните борби по подолго време, а можеме дури и слободно да кажеме дека тоа беше најспектакуларната борба во боксот од почетокот на 2023 година досега.

Двајцата се натпреваруваа за светската титула на ИБФ во суперперо категорија, но на крајот Велшанецот ја запиша првата успешна одбрана.

Во текот на 12 рунди видовме толку многу пресврти што на крајот судиите беа поделени во својата одлука, за конечно да може триумфално да се крене раката на Кордина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО