Христијана Парулеска прогласена за најдобар кадет на ЕП во традиционално таеквондо

Христијана Парулеска е прогласена за најдобар кадет на Европското првенство во традиционално таеквондо (ИТФ) во Јесоло, Италија.

Мастер Руџиеро Ланоте, организатор на Европското првенство и претседател на Италијанската теквондо федерација при ЕИТФ, лично и го врачи пехарот за најдобра кадетка на на Парулеска како освојувач на два медали во форми и борби.

Честитките беа дотолку позначајни што беа лично искажани и од претседателот на Европската федерација (ЕИТФ), како и од сите останати присутни членови  на Интернационалната теквондо федерација (ИТФ), велат од нашиот табор.

„Ваква гордост и вакво чувство како селектор на репрезентација им посакувам на сите селектори во секој спорт во Македонија. Среќата излегува низ очите“, изјави селекторот на македонската репрезентација Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО