Конор Мек Грегор за Махачев: Нокаутиран и фатен со стероиди!

Конор Мек Грегор не е среќен што Ислам Махачев е најдобриот ММА борец во светот.

УФЦ неодамна го ажурираше своето рангирање и го постави Махачев на број еден на рангирањето без разлика на категоријата. Ислам за една година успеа да победи 3 пати 2 борци кои беа во првите 3 на рангирањето, без разлика на категоријата.

Ова е подвиг што никој не го постигнал во историјата на лигата. Сепак, Мек Грегор смета дека Ислам не треба да биде број 1. Тој потсети дека Ислам има пораз со нокаут во неговиот скор и неуспешен допинг тест во УФЦ.

Ислам навистина имаше проблеми со УСАДА, но тоа беше поради лекот што му беше препишан по операцијата на срцето.

„Нокутиран до несвест и фатен на стероиди. Ова е моменталниот број 1 на рангирањето без разлика на тежината. Каков спорт. Ха Ха!“ напиша Мек Грегор на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО