Угледен боксерски тренер му се нафрли на Фјури: Изгледаше како гомно против Нгану, Усик ќе го шлака!

Гарсија верува дека „Џипси Кинг“ моментално не заслужува да биде меѓу десетте најдобри боксери „паунд фор паунд“ во светот

Иако веќе помина недела и пол од мечот меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану – во кој „Предаторот“ го шокираше боксерскиот свет и му зададе тешко време на светскиот шампион на ВБЦ, а за влакно испушти победа – прашината сè уште не е целосно леганта. Поголемиот дел од боречката јавност веќе процени за она што го видовме во рингот во Булевар салата во Ријад на 28 октомври, но реакциите сè уште доаѓаат практично секојдневно. Меѓу овие, свој осврт даде и познатиот боксерски тренер Роберт Гарсија – кој беше крајно критичен кон изведбата на „Џипси Кинг“.

„Тој изгледаше како срање против Нгану. Тајсон Фјури не треба да биде во првите десет фунти за боксери во светот во моментов“, изјави 48-годишниот тренер за ЕС Њуз и го претстави своето предвидување за историскиот меч меѓу Фјури и Александар Усик за обединување на сите титули во тешка категорија: „Усик ќе му удри шлаканица. Фјури нема да го допре Усик, тоа ти го гарантирам”.

Гарсија е најпознат во боречката јавност по неговата соработка со Ентони Џошуа пред реваншот со Усик, но овој боксерски тренер во кариерата соработувал со цела паеда боксери и шампиони во различни тежински категории, како што се Нонито Донер, Мајки Гарсија, Џоан Гузман и Стивен Луевана. Во 2011 година Гарсија беше прогласен за боксерски тренер на годината од страна на магазинот „Ринг“, додека една година подоцна истото признание го доби и од Американската асоцијација на новинари во боксот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО