Конор Мек Грегор во Абу Даби на островот Јас

Конор Мек Грегор пристигна во Абу Даби на островот Јас, каде викендов ќе зачекори во кафезот во УФЦ. Големата ММА ѕвезда ќе се бори против Дастин Пориер во лесна категорија. Нивната битка ќе биде голема за УФЦ 257, која навивачите со нетрпение ја очекуваат.

Мек Грегор не се бореше една година и доаѓа по нокаут над Доналд Цероне за 40 секунди. Оној кој ќе победи на овој меч и ќе успее да го импресионира Хабиб Нурмагомедов ќе добие нова шанса против непоразената ѕвезда од Дагестан, Русија.

Во 2014 година, Конор го нокаутира Пориер за една минута и 46 секунди, а за сега вели дека ќе го победи за 60 секунди. Останаа уште неколку дена до средбата, а Мек Грегор пристигна со стил:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО