Хабиб покажа како се пие кафе со стил во Дагестан (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов покажа како луѓето во неговата татковина го пијат своето капучино со стил. 32-годишниот борец објави видео во кое неговиот сонародник зема млеко директно од животното и го става во кафето.За неколку часа видеото го видоа скоро 4 милиони луѓе.

„Орелот“ ќе биде во центарот на вниманието за неколку дена. Тој ќе биде во аголот на неговиот братучед Умар Нурмагомедов, кој ќе дебитира во организацијата.

Пред неколку дена, Хабиб му рече на Дана Вајт дека може да се врати во УФЦ, но сакаше да види нешто посебно од неговите колеги за да го мотивира да се бори против нив.

Неизвесно е што ќе напраби Хабиб и дали ќе се врати за да направи скор 30-0 во ММА. Тој веќе ги почна своите проекти во Русија, а финансиски е безбеден.

Вака се пие утринското кафе во Дагестан:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО