Конор Мек Грегор пристигна во Лас Вегас, неговото доаѓање предизвика бројни коментари

Наскоро почнува снимањето на новата сезона на The Ultimate Fighter, во која тренери ќе бидат Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер.

Мек Грегор се враќа на терените по долга пауза. Имено, во јули 2021 година, големата ѕвезда на УФЦ ја скрши ногата на крајот од првата рунда на мечот против Дастин Пориер.

По завршувањето на сезоната на ТУФ во кафезот ќе се најдат и тренерите. Пресметката меѓу Мек Грегор и Чендлер ќе се случи некаде во втората половина од годината.

Нема сомнеж дека оваа сезона ќе привлече многу гледачи, бидејќи Конор секогаш привлекува големо внимание, како од медиумите, така и од фановите.

Познатиот Ирец пристигна во Лас Вегас, а за време на патувањето на социјалните мрежи напиша:

„Ќе ги тренирам децата додека не потпишат договор со УФЦ. Благослов. Привилегија. Чест. Задоволство. Добредојдовте во УФЦ со Мек“.

Во текот на денот најголемата светска ММА организација објави и видео од пристигнувањето на Мек Грегор на УФЦ Апекс, кое предизвика бројни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Многумина беа изненадени од изгледот на Конор, меѓу кои и борецот на УФЦ, Дерек Брансон:

„Тоа личи на Конор, поправете ме ако грешам“.

И додека чекаме да видиме кого Мек Грегор ќе регрутира во својот тим, Чендлер веќе делумно го направи тоа.

Американскиот борец објави дека во неговиот тим ќе биде шампионот на Белатор во тешка категорија, Рајан Бадер.

Не очекува вистински спектакл во новата сезона на ТУФ!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dave Martin (@magllc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON