Конор Мек Грегор повторно на суд, овој пат како обвинител! Новинар на „Скај њуз“ го нарече „силувач“

Конор Мек Грегор доби дозвола од ирскиот суд да достави тужба за клевета на Скај нуз откако еден новинар наводно го нарекол силувач пред судот во моментот кога против него била изречена граѓанска пресуда.
Судијата во четвртокот одобри на Скај њуз службено да му се достават правните документи, со што е овозможено продолжување на постапката. Одлуката ја објавија голем број ирски медиуми, вклучувајќи го и РТЕ.
Инцидентот се случил пред судот во 2024 година, кратко откако поротата го прогласи Мек Грегор за виновен за сексуален напад врз Никита Хенд во хотел во Даблин во 2018 година. Мек Грегор никогаш не беше обвинет, но жртвата доби граѓанска тужба. Судот му наложи на Мек Грегор да ѝ плати 206.000 фунти (околу 271.700 долари) и да ги покрие нејзините судски трошоци.
Според неговите адвокати, тогаш се случил наводниот вербален инцидент што сега е основа на тужбата за клевета. Тие тврдеа дека новинар на Скај њуз му се приближил на борецот и му рекол:
„Извинете, г-дине Мек Грегор, вие сте силувач. Дали имате некаков одговор или извинување до жената која е во средиштето на случајот“?
Адвокатите на Мек Грегор истакнаа дека едногодишниот рок за застарување за поднесување тужба речиси истекол, поради што случајот е итно изнесен пре суд. Судијата потврди дека документацијата ќе биде правилно доставена до Скај њуз најдоцна до петок.
Ова е најновото поглавје во долгата правна сага што го следи Мек Грегор од почетокот на граѓанската постапка. Иако се обиде да ја оспори пресудата со поднесување жалба, судот ја отфрли, со што ја потврди одлуката за неговата граѓанска одговорност.
Сега поранешниот шампион на УФЦ се впушта во нова правна битка, овој пат како тужител, тврдејќи дека бил јавно наклеветен.



