АктуелноБоксОстанато

Головкин e нов претседател на Светски бокс

Казахстанецот Генади Головкин (43) ќе биде назначен за претседател на новоформираната Меѓународна боксерска федерација (Светски бокс/World Boxing), објави денеска организацијата.

Светски бокс беше основан во 2023 година и сега брои 125 членови на пет континенти, вклучувајќи ја и Македонија.

Организацијата е основана како одговор на тековните проблеми со управувањето и интегритетот со кои се соочува Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА), што резултираше со нејзина суспензија, а подоцна и исклучување од Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Во првите две години, Светски бокс беше предводен од Борис ван дер Ворст, поранешниот претседател на холандската Федерација, кој во септември изјави дека нема да се кандидира за втор мандат.

Светски бокс објави дека независен комитет за проверка разгледал неколку апликации од мажи и жени кои се кандидирале за претседателското место и оти само Головкин го минал изборот.

„Головкин ќе стане претседател на Светски бокс со акламација на Конгресот на 23 ноември, кога ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател Борис ван дер Ворст“, објави организацијата.

Казахстанецот Головкин во минатото важеше за еден од најдобрите светски боксери. „Трипл Г“, како што го нарекуваа, Головкин беше светски шампион во средна категорија во верзиите ВБА, ВБЦ и ИБФ, а освои сребро на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Минатата година, тој беше избран за претседател на Олимпискиот комитет на Казахстан.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON