Конор Мек Грегор посака ММА борба со Теншин Насукава во Токио

Поранешниот шампион во две категории на УФЦ, Конор Мек Грегор сака исто како Флојд Мејведер да се прошета до Јапонија и да собере 9 милиони долари. Мек Грегор обајви на социјалните мрежи дека сака да се бори во езебициски меч, како што го направи тоа Флојд против Теншин Насукава, но според правилата на ММА.

„Озлогласениот“ на Твитер напиша:

„Сакам да одам во Токио и да се спротивставам на Теншин Насукава во егзебициски меч ова лето по правилата на ММА. Ве молам организирајте го веднаш. Искрено ваш, шампион во две категории“.

20-годишниот борец од Јапонија, Теншин нема пораз во ММА и кикбоксот и е со скор 28-0 во кик бокс (22 КО) и 4-0 во ММА (2 КО). Флојд успеа да го среди за помалку од три минути по правилата на боксот и очигледно Мек Грегор смета дека лесно може да се справи со него во ММА. За да се случи мечот меѓу нив, на Мек Грегор ќе му треба благослов од УФЦ, што може да биде проблем.

Погледнете некои од најдобрите изведби на Насукава.

https://www.youtube.com/watch?v=1nED0uu6f0c

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО