Конор Мек Грегор пак напредува на ранг листата на УФЦ

Поранешниот двоен шампион на УФЦ, Конор Мек Грегор се повлече, но продолжува да напредува на рангирањето на организацијата. Мек Грегор се искачи за едно место на ранг-листата П4П, во која се вклучени 15-те најдобри борци во светот. Конор го зазеде 11-то место.

Озлогласениот објави дека уште еднаш се повлекува од ММА пред неколку месеци. Се врати во кафезот на почетокот на годината и ја забележа првата победа по 4 години. Конор успеа да го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди во дуел во средна категорија.

32-годишниот Ирец не се согласи со УФЦ за борби во лесна категорија и избра да објави дека повеќе нема да се бори. Големата ѕвезда продолжува да напредува за сметка на другите борци, кои забележаа низа победи, но сепак не наоѓаат место во првите 15 на разни рангирања.

Александар Ракиќ исто така се искачи во поредокот и го зазеде 5-тото место во полутешка категорија. Можете да ги видите сите промени во рангирањето – тука.

https://www.instagram.com/p/CEm6G9YnRNc/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON