Ирскиот борец Конор Мек Грегор падна на ранг-листата во лесна категорија на УФЦ. „Ноториус“ е рангиран на петтото место во лесна категорија на ажурираната листа на предизвикувачи, а го следи Дан Хукер.
Неверојатно, Конор, кој веќе објави пензионирање, го задржа десетото место на најдобри П4П УФЦ листата .
Исто така на ранг-листата П4П, Тони Фергусон ја подобри позицијата на 12 место, пред Роберт Витакер и Дејвисон Фигеередо.
Лидер на П4П е поранешниот шампион во полутешка категорија, кој најави премин во тешка категорија, Џон Џонс. Второто место е за Хабиб Нурмагомедов, кој е шампион во лесна категорија.