Конор Мек Грегор во спектаклот со Нејт Дијаз на УФЦ во велтер категорија, кој инаку е шампион во преолесна, претрпе пораз од раскрвавениот американски борец кој покажа дека може да трпи многу удари.
Ирецот беше далеку поагресивен и зададе неколку незгодни удари во првата рунда, па ако по истата се чинеше дека ќе ја заврши работата во втората, во продолжение следуваше пресврт и иницијатива на Дијаз која кулминираше со феноменален зафат на подот и прв пораз на Конор во УФЦ борбите.
Иако беше крајно арогантен и провокаторски настроен во најавите за борбата во Лас Вегас, по мечот Мек Грегор ни демонстрираше дека знае како да прифати пораз, давајќи му признание на Нејт за истрајноста која ја покажал во борбата.
„Ова е пораз кој навистина е тешко да се проголта. Имав добри удари и добро одеше мојот план. Сепак, направи една голема грешка, мислам дека неефикасно ја потрошив мојата енергија. Обично, работите завршувале кога ќе го удрам противникот неколку пати, но денеска Нејт неверојатно се справи со нив. Мислам дека тежината му дозволи да ги поднесе толку добро ударите. Мислам дека требаше да бидам поефикасен кога удирав. Направив неколку грешки, но му симнувам капа на Нејт. Тој се бореше многу добро, остана цврсто на нозе и покрај тоа што претрпе тешки удари“, изјави МекГрегор по првиот пораз во кариерата.