Саит Урими: На Вендел Роше најмногу му се допадна духот на младите спортисти и посака пак да дојде! (ФОТО)

rose seminar Kicevo oro

Најпознатиот Европеец во тајлансдкиот бокс, Вендел Роше, вчера одржа семинар во Кичево во организација на Мрашал артс академијата од овој град, предводена од директорот Урим Саити.

Rose demonstrira

За тоа како помина семинарот, што се работеше, одѕивот, и за имперсиите на Роше зборувавме со директорот Саити.

„На некој начин се беше предвидено. Од прилика беа некаде околу 40 ученици од сите градови, како Охрид, Скопје итн. Роше е премногу  задоволен откако го виде интересот од луѓето во Македонија. И воопшто, тој е задоволен и на спортски план, но и од тоа како беше пречекан и од организацијата. Најмногу му се допадна духот на некои млади атлети кои многу брзо ги прифатија неговите техники, со што докажаа дека имаат голем сон еден ден да станат шампиони во овој спорт. Поради тоа, Роше побара за неколку месеци да организираме уште некој семинар“, вели Урим Саити.

Rose i urim

Тој истакнува дека активностите на Академијата ќе продолжат со редовните тренинзи и со подготвување за неколку аматерски турнири.

„Исто така, јас, како директор на клубот Мартиал артс академија од Кичево и селектор на Федерација на Македонија за тајландски бокс на 21 мај ќе учествуваме на професионален турнир во Швајцарија, а потоа ќе организираме разновидни рекреативни активности, за да може секој граѓанин да покаже нешто во што е добар. Нашата намера е да продолжиме со вакви семинари и сме во контакт уште со неколку светски имиња во контакт, така што се во свое време ќе го реализираме“, нагалсува Урим Саити.

Kostic so Rose

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО