Конор Мек Грегор: Најславниот момент е кога станав двоен шампион (ВИДЕО)

Најголемата ѕвезда во ММА, Конор Мек Грегор, стана првиот борец во историјата на УФЦ кој успеа истворемено да стане шампион во две различни категории. Тоа го постигне во 2016 година, тогаш го нокаутира Еди Алварезво втората рунда. За жал, Мек Гргеор ги загуби и двете титули, затоа што одби да ги брани и УФЦ му ги одзеде.

Тоа беше најголемо достигнување во кариерата на Ирецот кој направи многу пари и неговата кариера во ММА тргна надолу откако минатата година Хабиб Нурмагомедов го победи со сабмишн, патака Озлогласениот нема победа во последните 3 години. Мек Грегор одлучи да одговори на прашања кои навивачите му ги поставуваа и кажа кој му е најславниот момент во кафезот.

„Ќе ти кажам дека мојот најдобар момент беше кога ги освоив двете титули во исто време. Подигањето на две неоспорни титули и без сомнение за тоа кој е шампионот. Тоа беше мојот најславен момент во ММА. Да ги освојам двете титули и раѓањето на двојниот шампион е мојот најславен момент“.

https://www.instagram.com/p/BzO09wOILqB/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО