Конор Мек Грегор најдобро ми е во полусредна категорија

Поранешниот шампион во две различни категории Конор Мек Грегор зборуваше за авантурите во различните категории. 32-годишниот УФЦ борец се бореше во лесна, полусредна и перолесна категорија. „Озлогласениот“ дефинитивно го имаше најдобриот поход во перо категорија, каде забележа 7 последователни победи и го освои појасот. Конор не загуби борба во таа категорија.

Во полусредна категорија, Мек Грегор забележа 2 победи над Доналд Цероне и Нејт Дијаз. Во лесна категорија Мек Грегор започна добро и го победи Еди Алварез. Својот настап на оваа средба го опишува како најдобар. Конор го нокаутира и ја освои титулата, со што стана двоен шампион.

Следуваа два порази од Хабиб Нурмагомедов и Дастин Пориер. УФЦ сега се подготвува за 3-та борба во лесна категорија во јули меѓу Мек Грегор и Пориер.

„Најдобро се чувствував во полусредна категорија. Најдобар поход имав во перо категорија.

Имав најдобра изведба во лесна категорија против Еди Алварез. Што ми кажува ова? Немам идеја, но навистина ми се допаѓа“, напиша Конор. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО