Дисквалификуван борец заради постојани удари со глава (ВИДЕО)

Борец на Кејџ вориорс е дисквалификуван заради постојани удари со глава на противникот.

Полскиот предизвикувач во петел категорија Силвестер Милер е диквалификува од мечот за титулата против шампионот Џек Картрајт, помагајќи му на Британецот да ја продолжи серијата без пораз во ММА. Милер доби предупредување за неговото лошо одесување во кафезот, но продолжи да го прави тоа, што доведе до дисквалификација на ЦВ/ CW 121 во Лондон.

Интересно е тоа што Полјакот имаше предност во мечот и требаше да му го земе појасот на Картрајт. Првиот удар со глава дојде во втората рунда, но во третата имаше уште еден, а во четвртата судијата Рич Мичел се измори и го прекина мечот.

Така, Картрајт ја задржа појасот и сега е без пораз на 10 натпревари како професионалец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО