Конор Мек Грегор кажа кога ќе се врати

Една од најголемите ѕвезди во боречките спортови – Конор Мек Грегор, повторно навести враќање во УФЦ.

Тоа го направи на социјалните мрежи и како повод го искористи Суперболот.

„Суперболот е еден од најголемите спортски денови за моите пријатели во Соединетите држави, само втор по враќањето на Мек во октагонот ова лето!“, напиша поранешниот шампион на УФЦ на социјалните мрежи.

Во Суперболот, Канзас Сити го совлада Сан Франциско со 25-22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО