Конор Мек Грегор: Јас сум најдобриот!

Конор Мек Грегор повторно се промовира со објава на социјалните мрежи.

Ирската ММА ѕвезда напиша дека е најдобриот ММА борец. Мек Грегор не сака да слушне за останатите ММА борци и ги праќа во пеколот. Во последните денови имаше расправии меѓу навивачите на ММА. Некои сметаат дека Александар Волкановски треба да го заземе првото место во генералниот пласман на УФЦ.

Ова место во моментов го држи Камару Усман. Очигледно „Озлогласениот“ не е импресиониран од двајцата, бидејќи мисли дека тие не се најдобри.

„Мијчината им на другите. Јас сум најдобар“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

Мек Грегор последен пат се бореше на УФЦ 264, што се одржа во јули 2021 година. Во главниот настан Конор се соочи со Дастин Пориер. Пориер се радуваше во првата рунда откако Мек Грегор ја скрши ногата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО