Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз пак се спукаа (ФОТО)

Двајца од најголемите непријатели во ММА повторно се зајадоа. Конор Мек Грегор и Нејт Дијаз ја обновија расправијата со објави на социјалните мрежи. Прв почна Мек Грегор кој објави фотографија од битката со Дијаз и порача дека крвта на него не е негова, туку на Дијаз.

Нејт од своја страна покажа како Мек Грегор доминира на партер и напиша дека неговиот задник не бил удиран во нивната битка. „Озлогласените“ пак возврати со меме и фотографија од нивната битка. Конор го спореди Нејт Дијаз со неговиот батлер.

Во 2016 година, Мек Грегор и Дијаз остварија две средби. Во нивната прва борба Дијаз победи со принуда во втората рунда. Неколку месеци подоцна, Мек Грегор му се реваншира и го победи Нејт за 25 минути.

Нивните две битки беа избрани за борбата на вечерта и им донесоа бонуси. Неодамна Дана Вајт изјави дека би бил шокиран доколку нема трета битка меѓу нив двајца. До денес Конор и Нејт се во серија од два последователни порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON