Стрикленд: За 10 милиони долари ќе ги предадам САД

Борецот на УФЦ во средна категорија Шон Стрикленд е подготвен да ја предаде својата татковина. 31-годишниот борец од Северна Каролина е подготвен да се бори на страната на Русија во евентуална војна против САД, но само ако Русите му дадат 10 милиони долари.

Тарзан е една од ѕвездите воподем и моментално е во серија од 6 последователни победи. Пред еден месец го победи Џек Хермансон и ја освои титулата. Шон често предизвикува лутина и потсмев поради коментарите на социјалните мрежи.

Еве што направи Стрекленд овој пат:

„Ако Русија ми даде 10 милиони долари за борба против САД, тогаш дајте ми оружје и посочете каде да пукам. Се обидувам да кажам дека мојата лојалност е кон парите, а не кон одредена земја или знаме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО