Конор Мек Грегор и даде совет на Ронда Русеј

ronda-vo-pozadina-konor

Поранешната шампионка на УФЦ во бантам категорија, Ронда Русеј, ќе се врати во октагонот на 30 декември, тогаш ќе се сретне со сегашната носителка на појасот Аманда Нунес на УФЦ 207.

За Ронда тоа ќе биде прв дуел по пауза повеќе од една година, откако си зема долготраен одмор по нокаутот од Холи Холм кон крајот на 2015 година.

Не е тајна дека „Роуди“ воопшто не го поднесе добро првиот во ММА кариерата, особено имајќи во предвид дека таа имаше репутација на едвај не непобедлив борец. Сличен беше и случајот со шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, кој го претрпе првиот пораз во УФЦ од Нејт Дијаз, пред да го имаат реваншот на УФЦ 202.

Конор го коментира враќањето на Ронда Русеј и притоа и даде совет на Американката.

„Би и рекол дека сега е време да и ги затне устите на сите. Натерај ги да замолчат. Излегувај таму и земи го тоа што ти припаѓа. Ти посакувам се најдобро на Ронда. Добро е што таа повторно е тука. Некои луѓе ги прифаќаат поразите на одреден начин. Мило ми е што таа повторно е подготвена за акција и нејзе и посакувам се најдобро. Време е таа да ги предизвика некои луѓе да молчат. Излегувај таму и продолжи она што веќе го започна. Се возбудувам, за да видам што ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON