Конор Мек Грегор е осомничен за силување на НБА меч

Една жена го пријавила Конор Мек Грегор за сексуално вознемирување за време на четвртиот меч од финалето на НБА меѓу Мајами и Денвер. Ѕвездата на УФЦ ги отфрли обвинувањата.

Американските медиуми пренесуваат дека Ирецот барал интимна врска со таа девојка, но таа неколку пати го удрила со лакт и побегнала.

Во писмата испратени до Мек Грегор, НБА и Мајами Хит, адвокатот Ариел Мичел од Јужна Флорида опиша што наводно се случило во соблекувалната за време на мечот меѓу Конор и девојката.

Од Мајами Хит велат дека ќе спроведат истрага и ќе потврдат се што е наведено во писмото:

„Ќе спроведеме истрага и нема да коментираме ништо додека не се заврши“.

Адвокатите на Мек Грегор негираа какви било обвинувања за силување.

„Обвинувањата се лажни. Не можете да го заплашите господинот Мек Грегор“, беше изјавата на претставникот на Конор.

Малку подоцна се јави и познатиот Ирец кој објави дека тој и неговата партнерка чекаат четврто дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО