Головкин се откажа од сите шампионски појаси

Се чини дека Генади Головкин е на пат кон крајот на својата славна кариера, откако официјално се откажа од сите шампионски појаси, дознава ИФЛ ТВ.

Казахстанецот последен пат го држеше појасот на ИБФ во средна категорија, но, откако последен пат го заложи против Риота Мурата во април 2022 година, мораше да се раздели со него, како што направи претходно со титулите на ИБО и ВБА.

„ГГГ“ последен пат се соочи со Саул Алварез минатиот септември, со што стави крај на нивната трилогија со победа за мексиканскиот суперсреднаш.

Головкин моментално има 41 година и многумина веќе се убедени дека неговите најдобри денови се зад него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО