Конор Мек Грегор доби шестмесечна медицинска забрана за настап

Konor skisnat

Конор Мек Грегор доби медицинска забрана за настапи на шест месеци по победата над Нејт Дијаз на УФЦ 202.

Ирецот кој ја доби борбата со судиски одлука, но го заврши дуелот со повреди во ногата и дури е можно да има и фрактура. По средбата Конор призна дека ногата му била повредена како последица на многуте удари со неа што му ги нанесе на Дијаз. Притоа тој имаше потреба дури и од патерици за да се движи слободно по мечот.

Медицинските забрани од сличен тип се нешто вообичаена. Забраната на Мек Грегор може да му биде укината ако повторно добие дозвола од ортопед дека може да настапува. Инаку, Конор нема право да тренира со контакт до 5 октомври, а нема право и да учествува во натпревари до 20 октомври, кога неговиот случај може да биде преиспитан.

Нејт Дијаз за возврат доби 30-дневна медицинска забрана, затоа што добиваше удари претежно во пределот на лицето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО