Конор Мек Грегор до фановите: Ветувам дека борбата доаѓа

Конор Мек Грегор им вети на своите фанови дека се враќа во ММА.

Поранешниот двократен шампион изјави дека ќе почне да ги снима тренинзите и да им ги покажува на фановите. 35-годишната ѕвезда од Ирска вети дека борбата доаѓа наскоро. Сè уште не е познато точно кога, бидејќи не се вратил програмата за тестирање на УСАДА.

Треба да дава примероци 6 месеци за да му дозволат да се бори. Мек Грегор беше тренер на 31-та сезона на Ултимејт фајтер против Мајкл Чендлер. Тој најверојатно ќе биде неговиот следен противник, иако Конор го предизвика Џастин Гејџи.

„Повторно ќе почнам да ја снимам мојата работа за да ја споделам со сите вас. Борбата доаѓа, ветувам. Сите мои вистински фанови, обожаватели на вистинскиот борец, доаѓа, ветувам!“ напиша Мек Грегор.

И додека Конор тврди дека неговата борба доаѓа, фановите се скептични. Мек Грегор повторно е на одмор со својата јахта, а тоа не му одговара на борец кој се подготвува за враќање на боречките спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО